skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Пожарот во Велес можеби бил подметнат – се истражува смртта на трите дечиња

Пожарот во Велес можеби бил подметнат – се истражува смртта на трите дечиња
  • 21.06.2018

Не е исклучена можноста да бил подметнат пожарот во трошната куќа во Велес во кој загинаа три дечиња, јавува екипата на 1ТВ. Од импровизираната трошна куќа, која е на непристапен терен, веќе нема останато ништо. Во неа немало ниту вода, ниту струја и засега не е јасно како настанал пожарот.

Од пожарната и полицијата не го исклучуваат човечкиот фактор како причина и не отфрлаат можноста пожарот да е подметнат. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, пожарот избил откако родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница.

Екипата на 1Тв што се уште е на терен, јавува дека таткото не сакал да даде изјава пред камера, но ја обвинува држвата бидејќи не им помогнала кога барале помош. Вели дека ова не било првпат да ги остават децата сами, бидејќи немало кој да им помогне. Соседите кои повикале противпожарна екипа, раскажуваат дека не ги познаваат родителите, кои таму живееле околу 2 години.

Раскажуваат дека вчера било ужасно – полнеле вода од соседните куќи кои се на 100-тина метри и се обидувале да им помагаат на пожарникарите во гасењето на пожарот. Никој не знаел дека децата на возраст од една, две и четири години, се внатре додека не дошле родителите.

Командирот на велешката Противпожарна единица, Љупчо Лепидовски, раскажува дека по расчистувањето на паднатиот кров во еден агол ги нашле двете деца, на четири и две години, а под нив и единаесетмесечното бебе. Глетката била страотна, бидејќи телата биле целосно јагленосани.

Семејството било корисник на социјална помош и преживувале од собирање пластични шишиња. Министерството за труд и социјала и општина Велес денес се вклучени во организирање на погребот.

Основното јавно обвинителство Велес заедно со екипа на СВР Велес денеска продолжија со истрагата. Очекуваат вештачењето да трае подолго, а ќе биде извршенаи  обдукција на телата на децата и нивна идентификација. Родителите се на распит во велешката полиција. Од вчера теренот кај изгорената куќа го обезбедува велешката полиција.

Back To Top