skip to Main Content

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева
  • 17.09.2019

Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчкоска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Советот на јавни обвинители во саботата навечер на вонредна седница ја разреши Јанева од специјална јавна обвинителка, откако Собранието едногласно го изгласа предлогот.

Советот вчера го ставил вон сила решението со кое на Катица Јанева и мируваше позицијата во Јавното обвителство во Гевгелија. Ова значи дека Јанева не само што е разрешена од шеф нА СЈО тукУ повеќе не е ниту јавен обвинител.

Извор: Нова ТВ

Back To Top