skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Подигнато знамето на НАТО на јарболот пред Владата

Подигнато знамето на НАТО на јарболот пред Владата
  • 12.02.2019

Знамето на НАТО од денеска се вее пред зградата на македонската Влада, покрај државното, со што симболично се означува започнатиот процес на зачленување во Алијансата. Со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

На церемонијата пред присутните гости, македонски официјални претставници, поранешни премиери, претставници од штабот на НАТО во земјава, амбасадори од земјите членки во овој сојуз, говореше премиерот Зоран Заев.

-Ова е нова станица во нашата историја, а најголемата заслуга е на граѓаните кои храбро исчекоривте  и ја побаравте иднината што ја заслужуваме, рече премиерот Зоран Заев на церемонијата. Тој за денешниот ден се заблагодари и сите претходни претседатели на државата, на пратениците, на АРМ, на новинарите за поддршката, на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас кои преговараа за Договорот кој го отвори патот на Македонија кон евроатлантските интеграции. Исто така Заев се заблагодари на грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата одлучност и пријателство.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top