skip to Main Content

Плевнелиев: Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда

Плевнелиев: Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда
  • 26.01.2019

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелев вели дека храбороста на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор е значајна не само за двете земји, туку и за целиот регион, поради што ќе бидат кандидирани за Нобелова награда.

-Договорот од Преспа за промена на името на Македонија има историска важност не само за двете земји, туку и за целиот регион на Западен Балкан. Храброста на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев е достојна за восхит. Групата „Пријатели на Македонија“, заедно со европратеници ќе предложи кандидатура на премиерите за Нобелова награда, вели  поранешниот претседател на Бугарија и член на консултативниот совет на Националниот стратешки институт на Кина при Универзитетот Синхуа.

Тој, на обраќањето на панелот „Светот е бизнис“ на светскиот економски форум во Давос, кое го пренесува BloombergTV Bugarija, потенцира дека кога две држави кои имале сериозни несогласувања во минатиото си подадат рака и секоја една од нив отстапи за да има полза, добива целиот Балкан и додава дека патот кон просперитет во регионот минува преку такви дејства.

Back To Top