skip to Main Content

Пимен: МПЦ нема да прифати ново име

Пимен: МПЦ нема да прифати ново име
  • 28.05.2018

Од Охрид каде викендов Македонската православна црква прослави илјада години од формирањето на Охридската архиепископија, најавија дека ако премиерите на Македонија и Грција договорат евентуално ново име, него црквата нема да го прифати.

Членот на Синодот на МПЦ и владика на Европската епархија, владиката Пимен, денеска изјави дека црквата не сака да го менува називот затоа што името се поврзува со македонскиот идентитет.

„Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име. Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква“, изјави Владиката.

Back To Top