skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Пецас: Правиме сѐ за да ги ублажиме негативните последици од национално штетниот Договор од Преспа

Пецас: Правиме сѐ за да ги ублажиме негативните последици од национално штетниот Договор од Преспа
  • 11.09.2019

Договорот од Преспа е национално штетен и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со македонскиот јазик и националност кои имаат некои негативни последици, вели портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас.

Пецас ова го изјави на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето како грчката влада го карактеризира Договорот од Преспа.

– Премиерот, како на саемот во Солун каде што беше прашан, но и во неговите меѓународни контакти со лидерите на други европски земји, како што беше во Франција, Германија и Холандија договорот го карактеризираше како национално штетен договор и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со прашањата за македонски јазик и националност што имаат некои негативни последици, рече Пецас.

Back To Top