skip to Main Content

Пет кандидати за прв човек на Адвокатска комора на Македонија

Пет кандидати за прв човек на Адвокатска комора на Македонија
  • 30.04.2018

На една недела пред одржувањето на Собранието на Адвокатската комора на Македонија, скопската адвокатка Наташа Трпеноска Тренчоска ја најави својата кандидатура за прв човек на адвокатската асоцијација. Тоа е прва официјализирана кандидатура, а во јавноста веќе се вртат неколку имиња, меѓу кои и на поранешниот министер за полиција Љубомир Михајловски-Џанго, адвокатот Александар Тортевски, Ѕвонко Давидовиќ, Димитар Панчевски.

Дека има намера да  влезе во трката за наследник на Никола Додевски, Трпеновска веста ја обзани во фејсбук групата АДВОКАТИ, каде напиша дека е „време за нов правец на движење, нова, транспарентна, современа респектибилна професија“.

„Немам никаков политички или друг багаж, но затоа имам 26 годишно искуство исклучиво вво адвокатурата,кое  резултира со управување  на едно од најуспешните адвокатски друштва во Македонија, по многу домашни и меѓународни параметри. Згора на тоа жена сум, што значи го претставувам  поголемиот дел од членството и немам ништо против социјалните мрежи. Напротив“,напиша Трпеноска.

Актуелниот претседател на Комората, Никола Додевски познат во јавноста  како „адвокатот на Груевски“ веќе се изјаснил дека по истекот на четиригодишниот мандат не претендира за нов мандат.

Во адвокатските кругови се шпекулира дека зад адвокатурата на Михајловски отворено застанал актуелниот  претседател Додевски, но луѓе од неговото најблиско опкружување тврдат дека тоа се користи за да се наштети на неговата кандидатура. Адвокатите Звонко Давидовиќ и Александар Тортевски и се добро познати на македонската јавностост како долгогодишни бранители, кои претендираа и на местото на државен јавен обвинител, кое го доби членот на Советот на јавни обвинители Љубомир Јовески. Охриганката Трпеноска е ќерка на поранешниот министер за внатрешни работи и прв антикорупционер Јован Трпеноски и основач и управител на адвокатското друштво „Трпеноски“. Димитар Панчевски, кој инаку е син на адвокатот Игнат Панчевски и ја има поддршката од помладите адвокати. Сепак, како што се говори, најголеми шанси им се даваат на Михајловски и Трпеноска, меѓу кои најверојатно ќе се  избере наследникот  на Додевски.

Изборот на новите органи на АКРМ ќе се одржи в сабота во Струга.

Back To Top