skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Петровска во Централниот дневник на 1ТВ: Kазните за „27 април“ се високи, но законот упатува на казна од минимум 10 години

Петровска во Централниот дневник на 1ТВ: Kазните за „27 април“ се високи, но законот упатува на казна од минимум 10 години
  • 15.03.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ телефонски се вклучи Натали Петровска, директор на коалицијата „Сите за правично судење“ која ја коментираше денешната пресуда за обвинетите од случајот „27 април“.

-Висината на казните предизвика многу негодувања во јавноста, меѓутоа законскиот минимум за ова кривично дело е предвиден во кривичниот закон од 10 години. Голем дел од обвинетите се во распон од 12 до 15 години, а најфрапантна висина од 18 години доби Чавков што некако упатува на самата негова командна одговорност односно „златна команда“ како ја нарекувааа. Факт е дека казните се прилично високи, но законот е јасен во ова кривично дело и упатува на минумум казна од 10 години. Има обвинети кои поради олеснителни околности како откривање на некои лица и помагање на едно од лицата кои биле таргет на толпата и добија казни под предвидениот минимум, истакна Петровска.

Петровска зборуваше и за забелешките на коалицијата „Сите за правично судење“

-Една од забелешките е долгото траење на рочиштата на дневна основа. Овој предмет заврши за 6 месеци, а имаше 59 рочишта, значи 2 рочишта по недела. Во поголем дел од нив судењата траеа повеќе од 8 часа. Тоа е постапување на штета на обвинетите. Упативме ставови на ЕСЧП и тие упатуваат на тоа дека не само обвинетите туку и бранителите треба да бидат способни да го следат процесот со полно внимание, рече Петровска.

Петровска нагласи и дека законот за амнестија го нарушил принципот за еднаков третман на обвинетите лица, дека факт е дека тоа било и политичка одлука.

Во Централниот дневник на оваа тема линковски се вклучи новинарката Искра Опетчевска која известуваше пред Кривичниот суд.

-Сите 16 неправосилно осудени ќе одат во притвор така одучи Судечкиот совет на Кривичниот суд, а ослободен од обвинение е Игор Дурловски. Судијката Добрила Кацарска кога ги читаше решенијата за притвор не образложи зошто сите ќе одат во притвор, но образложението ќе биде писмено доставено. Адвокатите на осуденте и осуденти негодуваа. Адвокатот на Чавков тврди дека одлуката за притвор е незаконска. Она што успеавме да го забележиме е носењето на веќе осудените во истражниот затвор во Шутка, извести Опетческа.

Целиот разговор и линковското вклучување можете да ги погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top