skip to Main Content

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ е поделена, има фракции и различни мислења (Видео)

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ е поделена, има фракции и различни мислења (Видео)
  • 13.09.2018

Повикот на ВМРО-ДПМНЕ до партиските членови на денот на референдумот да постапат според сопственото убедување  – дел од јавноста го споредуваат со слоганот ниту риба ниту девојка. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ваквиот став не значи тивок бојкот туку одлука донесена од партиските органи за надпартиско прашање за кое граѓаните треба да одлучат, бидејќи Договорот со Грција не е дел од референдумското прашање и оти тоа е прашање со повеќе значења со цел да се направи забуна кај граѓаните, рече опозицискиот лидер за 24 вести….

Токму ваквиот  став на партијата и Мицкоски за дел од  членовите е повик за тивок бојкот на референдумот. Дел пак,  уште вечерта на состанокот на Извршниот комитет се изјсниле против….Потпретседателот на партијата Митко Јанчев и Костадин Богданов биле со став дека  граѓаните треба  да излезат и да одлучат дали ќе гласаат за или против… Јанчев за 1ТВ вчера го потврди овој став, додавајќи дека не е за тивок бојкот бидејќи смета оти гласањето треба да биде  по сопствено убедување.

За Љупчо Петковски од невладината Евротинг – Мицкоски јасно не повика на бојкот, и ставот намерно не е јасен бидејќи втората опција ќе му направела штета. Партијата е поделена, има фракции, различни мислења..Петковски одлуката ја смета за чудна бидејќи референдумот не е партиско прашање туку крупно прашања за кое  најголемата опозициска партија мора да има став…

Минатата недела Германската канцеларка Меркел на прес конференција  во Владата порача дека „членството во НАТО и во европското семејство се возможни, ако референдумот биде успешен“ и дека врската меѓу Договорот и членството во меѓународните организации мора да ја сфатат сите, затоа што за членство во овие организации треба да гласаат сите земји членки.

Весна Велкова Тодороска

Back To Top