skip to Main Content

Пендаровски: Силјановска беше главен советник на Иванов за срамната аболиција

Пендаровски: Силјановска беше главен советник на Иванов за срамната аболиција
  • 25.04.2019

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашниот дуел со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова рече дека токму таа му била главен советник на Ѓорѓе Иванов за аболицијата која ја донесе.

-Цинично е кандидат кој се залага за право и правда, а додека беше минатата власт, ниту еднаш да не каже став за бегството на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за прислушувањето, за оценката од ЕУ како заробена држва. И можеби тоа не треба да не чуди зашто Силјановска беше главен советник на Иванов за срамната аболиција, рече Пендаровски.

На ова Силјановска одговори дека тоа не е точно, и дека таа само еднаш се видела со Иванов кога побарала од него да стави вето на спорниот Закон за високо образование.

Пендаровски рече дека Сиљановска е личен избор на Никола Груевски, поставена со помош на Мицкоски и додаде дека за шефот на изборниот штаб на Сиљановска, Игор Јанушев, има обвинение за СЈО, за злоупотреби при набавката на кинеските автобуси.

-Јавноста многу добро знае како Ѓорчев се тргна од патот на фарса конвенција за да биде избрана Сиљановска како директен кандидат на Мицкоски и Груевски. Ако милувате да зборувате за шефови на изборен штаб, изненаден сум, еве кажете ми повеќе за Игор Јанушев, шефот на Вашиот изборен штаб кој е под истрага на СЈО заради примање мито за „кинески автобуси“, рече Пендаровски.

Back To Top