Пендаровски на три јазици се заблагодари на САД за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, изрази благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО Алијансата.
Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност, пишува Пендаровски.
Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, со 91 глас „за“ и 2 „против“. Со тоа, САД се 25. земја што го ратификувала Протоколот.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.