skip to Main Content

Пендаровски и Сиљановска си разменија закани со кривични пријави во последната дебата

Пендаровски и Сиљановска си разменија закани со кривични пријави во последната дебата
  • 03.05.2019

Во последното телевизиско соочување пред почетокот на предизборниот молк, двајцата претседателски кандидати, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски си разменија тешки обвинувања.

Пендаровски обвини дека таткото на Сиљановска бил припадник на полицијата.

-Ова е сталинистичка метода. За ова обвинение ќе добиете соодветна кривична пријава, рече противкандидатката Сиљановска.

Таа потоа го обвини дека неговиот татко работел во полицијата.

-Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител, рече Пендаровски.

Сиљановска обвини дека Пендаровски  ја предводел акцијата на полицијата во Радожда.

Пендаровски одговори дека тој тогаш не работел во МВР.

Сиљановска го обвини Пендаровски дека за лични интереси одработувал за сите.

-Вие за лични интереси сте играле со сите и сте одработувале за сите. Вие не сте напривиле ништо кога беше прекината истрагата за обидот за убиство на Глигоров. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со Трајковски, рече Силјановска.

Оценката е дека последната дебата на претседателските кандидати на Телевизија 24 помина со најниско ниво на култура.

Back To Top