skip to Main Content

Патријархот Неофит: Бугарската црква и дава целосна поддршка на МПЦ

Патријархот Неофит: Бугарската црква и дава целосна поддршка на МПЦ
  • 02.11.2019

Бугарската православна црква ќе продолжи да ги поддржува Македонците, сето она што го сторивме досега е корисно за двата братски народи, изјавил за БГНЕС бугарскиот патријарх Неофит.

Патријархот ја истакнал важноста на заедничката бугарско-македонска црковна комисија, со која претседава бугарскиот митрополит Кипријан.

-Што и да е направено под негово водство, ќе имаме можност да го разгледаме, вели тој и потенцира дека двете страни имаат благородни намери и дека ќе се обидат да направат добро и корисно за двата народа.

Back To Top