skip to Main Content

Партиите продолжуваат да се препукуваат за загадениот воздух

Партиите продолжуваат да се препукуваат за загадениот воздух
  • 07.12.2018

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинија дека Скопје, Битола и Тетово се помеѓу десетте најзагадени градови во светот, СДСМ ја завила државата во црнила

– Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава. Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот, се вели во соопштението од партијата.

Од СДСМ одговорија дека на централно и локално ниво се преземаат низа мерки против загадувањето и дека 11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ оставило тешки последици што и денес се чувствуваат.

Во соопштението информираат дека вчера градинките во општина Бутел добиле осум прочистувачи на воздух,  а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28.

Набавени се 1.700 садници за повеќе градинки, училиштето „Гоце Делчев“ преминало на загревање со пелети, ЈП Водовод и канализација првпат поставило автоматска решетка што ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води, а се чистат диви депонии и коритата на реките и каналите, набројуваат од партијата.

Back To Top