skip to Main Content

Папас: Со текот на времето се смируваат страстите за Договорот од Преспа

Папас: Со текот на времето се смируваат страстите за Договорот од Преспа
  • 20.03.2019

Нашите амбиции се да ги убедиме дури и оние кои не се согласуваа со нас дека Договорот од Преспа е во корист и на нивниот секојдневен живот и на националните интереси, рече министерот за дигитална политика и телекомуникации на Грција Никос Папас во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“.

Папас е во посета на северниот дел на Грција каде што во една прилика беше насобрана група од неколку лица кои сакаа да го изразат нивното незадоволство од Договорот од Преспа.

-Договорот од Преспа веќе е ратификуван, тоа е реалност и народот во северниот дел од земјата чека да ги види вистинските придобивки што ќе произлезат од имплементацијата. Како што поминува времето, се смируваат страстите, коментира Папас за грчкото радио и објаснува дека групата била од 10 лица.

За време на посетата на Килкис (Кукуш), министерот за дигитална политика и телекомуникации истакна дека „со Договорот од Преспа регионот добива нови можности и почнува нов период“.

Back To Top