skip to Main Content

Палмер: Немаше потреба да се сретнам со Иванов и Мицкоски

Палмер: Немаше потреба да се сретнам со Иванов и Мицкоски
  • 22.10.2018

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска по заедничката прес-конференција со премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека со лидерот на ВМРО ДПМНЕ не се видел и дека за тоа нема потреба, бидејќи како што рече, се што требало да му биде пренесено и се што требало да се каже било во писмото на Вес Мичел. Исто така, тој рече дека нема потреба да се сретне ниту со претседателот Иванов.

„Кога доаѓате на вакви посети времето ви е ограничено и треба да направите план со кого ќе се сретнете. Мицкоски ни ги кажа неговите ставови преку писмото до Вес Мичел, така да немаше потреба да се сретнеме“, изјави Палмер.

Back To Top