skip to Main Content

Палмер се сретна со Ахмети

Палмер се сретна со Ахмети
  • 22.10.2018

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со заменик-помошникот и државен секретар на САД, Палмер и амбасадорот на САД во Македонија, Бејли.

Разговарале за неодамнешните политички случувања во земјата, имплементацијата на Преспанскиот договор, реформите и евроатланската интеграција.

Ахмети ги истакна напорите за постигнување на потребната поддршка во Собранието и дека петокот беше само почеток на повеќегодишен процес на спроведување на Преспанскиот договор.

-Нашата конструктивна посветеност нема да исчезне ни во наредните недели, се додека не се заврши процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од ДУИ, од каде што додаваат дека земјата и регионот немаат друга алтернатива освен евроатланската интеграција и усвојувањето на западните демократски стандарди.

Back To Top