skip to Main Content

Пазарџиите протестираат на Бит Пазар по полициска интервенција

Пазарџиите протестираат на Бит Пазар по полициска интервенција
  • 10.05.2018

Околку пладнe на Бит пазар избил инциден кога полицијата се судрила со поголема група на граѓани. Најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот, а кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.

Во моментов, улицата кај пазарот е целосно блокирана, а голем број на граѓани се излезени на коловозните ленти каде не може да мине ниту едно возило.

За сега нема официјални информации за инцидентот и блокадата, а подетални информации од МВР се очекуваат подоцна.

Back To Top