skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Павле Богоевски: Немам никаква намера да се правам светец, но во разговорот не нарачувам кокаин

Павле Богоевски: Немам никаква намера да се правам светец, но во разговорот не нарачувам кокаин
  • 15.05.2019

Пратеникот Павле Богоевски се огласи во врска со објавената снимка која се појави на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката на социјалните мрежи тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.

Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис.

Во прилог целиот статус на Богоевски:

Почитувани,

Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.

Би сакал да расчистам неколку работи:

Дали тоа е мојот глас на снимката?

Да.

Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?

Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.

Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.

Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.

п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!

Фејсбук статус на Павле Богоевски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top