skip to Main Content

Павле Богоевски: ДУИ сакаат уште еден политички циркус без никаков епилог

Павле Богоевски: ДУИ сакаат уште еден политички циркус без никаков епилог
  • 26.02.2019

Не стивнуваат препукувањата меѓу пратеници од владејачкото мнозинство во врска со седницата во Собрание на која требаше да се одлучува за имунитетот на Трајко Вељаноски. Пратеникот, Павле Богоевски, одговори на обвинувањата од Ејуп Алими од ДУИ, кој синоќа рече дека Богоевски стои зад сценариото да не му биде одземен имунитетот на Вељаноски.

„Вчера, Ејуп Аљими повторно се обиде да ја префрли вината на Мухамед Зекири и мене. Одбивам да се впуштам во натпревар по викање и препукување преку социјални медиуми и прес конференции, без директно спротивставување на аргументи. Токму тоа го сакаат, оваа состојба да се претвори во уште еден политички циркус без никаков епилог.

Реалноста е дека случувањата овие денови изведоа на виделина суштински проблеми во начинот на претседавањето со Собранието и однесувањето на пратеничката група на ДУИ, во нивната посветеност на тоа што требаше да бидат заднички вредности.

Мора да постои одговорност и конкретни последици од сценираното фијаско кое толку очајно се обидуваат да го прикријат“, напиша Богоевски.

 

Back To Top