skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ОЈО ќе постапува по заканите кон ДИК упатени од поддржувач на Пендаровски (ВИДЕО)

ОЈО ќе постапува по заканите кон ДИК упатени од поддржувач на Пендаровски (ВИДЕО)
  • 17.04.2019

Жестоки последните денови од претседателската трка. Посебна комисија во Основното јавно обвинителство формирана за случаи поврзани со изборни нерегеуларности ги регистрирала и постапува по заканите од поддржувачи на СДСМ кон членовите на Државната изборна комисија.

„Случајот е документиран од страна на комисијата за изборните нерегуларности. Таа води постапки во рамки на нејзините надлежности, во насока на расчистување на случајот“ – потврдија за 1ТВ.

Алармот на обвинителството го вклучи гостиварецот кој синоќа на трибина на СДСМ, јавно се закани до членовите на ДИК.

Опозицијата ѝ го препиша инцидентот на владеачката СДСМ.

„Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи. Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат“ – соопшти ВМРО- ДПМНЕ.

Сепак ова не е прва закана до ДИК – изјавил претседателот Оливер Деркоски за дел од медиумите. Тој реагираше и на социјалните мрежи каде саркастично напиша дека „го чекаат да дојде тој со пиштолот“.

Организацијата Цивил на институциите им порачува дека мора да престане неказнивоста за говорот на омраза, кој според нивниот извештај е силно присутен во кампањата и јавната комуникација во изборен контекст.

„Дел од претседателските кандидати се служат со прикриен, но неретко и отворен говор на омраза. Тоа најчесто се забележува во јавните настапи на кандидатката Гордана Силјановска Давкова. И една од навивачките групи е директно вклучена во кампањата со експлицитен и екстремен говор на омраза. Се работи за навивачката група Комити. Иако маргинални, групите што се претставуваат под називите „Бојкотирам“ и „Христијанско братство“ се служат со жесток говор на омраза и во два случаи со отворени закани за ликвидација на премиерот Зоран Заев“ – забележува ЦИВИЛ.

Дополнително нивниот извештај наведува дека безбројни се пораките и коментарите на социјалните мрежи кои содржат вулгарни, груби и радикални изрази кои претставуваат експлицитен говор на омраза.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top