skip to Main Content

Охридскиот Регион нема да биде впишан на листата на светско наследство во опасност

Охридскиот Регион нема да биде впишан на листата на светско наследство во опасност
  • 05.07.2019

Комитетот за светско наследство на 43-тата седница одлучи природното и културното наследство во Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, прифаќајќи ги аргументите на Владата на Република Северна Македонија.

– Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО, врз основа на кој се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020, соопшти Владата попладнево за заклучоокот од сесијата на Комитетот во Баку, каде што учествува македонска делегација предводена од министерот за дијаспора Едмонд Адеми.

За време на дебатата за Охридскиот Регион, ккао што информира владината прес-служба, земјите членки на Комитетот изразиле широка поддршка за напорите на Владата за зачувување на интегритетот и автенчиноста на светското наследсво во Охридскиот Регион.

Како позитивни реформи Комитетот посебно ги истакнал активностите на Владата како укинување на плановите за ски-центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на реката Сатеска, како и носењето на новиот Закон за управување.

– Комитетот ја нотира и поздрави одлуката на Владата од 11 јуни за спроведување на останатите препораки на УНЕСКО, се вели во соопштението од Влада.

Комитетот, исто така, донел одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија. Северна Македонија, се вели во владиното соопштение, ја поддржува и поздравува оваа одлука, и блиску ќе соработува со Албанија во заедничкото управување и одржување на светското наследство.

Back To Top