skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на уставните измени

Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на уставните измени
  • 11.01.2019

Официјална Тирана го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието, со кои, како што се оценува, се официјализира името Република Северна Македонија.

Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека со финалното изгласување на Спогодбата од Преспа, на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

– Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки! – напиша Бушати.

Албанските медиуми, без исклучок, експресно ја пренесоа веста за изгласувањето на уставните измени, нагласувајќи дека Република Македонија го менува името во Република Северна Македонија. Посебно го потенцираат придонесот на пратениците од политичките партии на Албанците, кои повторно се потврдиле како одлучувачки фактор за стаблноста на земјата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top