skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Отворен повик за учество на првата правна конференција во Македонија – „Tres Partes“

Отворен повик за учество на првата правна конференција во Македонија – „Tres Partes“
  • 07.12.2018

На 26 (дваесет и шестти) месецов ќе се одржи првата правна конференција во земјава, поделена на три области, симболично насловена „Tres Partes“, а на која предавачи ќе бидат истакнати правници – универзитетски професори, судии, извршители и адвокати. Како дел од организацијата, адвокатот Јанаки Митровски веќе ја претстави агендата на онлајн медиумите и упати отворен повик до заинтересираните за учество. Конференцијата ќе се одржи на 26.12.2018 година во хотел „Континентал“ со почеток од 10.00 часот, а во трите делови од агендата се предвидени интензивни активности, обуки и стручна дебата.

1. ИЗВРШЕН ДЕЛ со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој учество во својство на предавачи ќе земат: м-р Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

2. ГРАЃАНСКИ ДЕЛ со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета”, на која предавачи ќе бидат: адвокат Маруша Митровска од Скопје, судија Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и м-р судија Ѓорѓи Радојков од Апелационен суд Скопје.

3. КРИВИЧЕН ДЕЛ со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти”, во кој дел предавачи ќе бидат: м-р Јанаки Митровски, адвокат од Скопје, проф. д-р Никола Тупанчевски, редовен професор по Казнено право при „Јустинијан Први“, проф. д-р Александра Деаноска вонреден професор по Казнено право при „Јустинијан Први“ и Оља Ристова, судија при Основен суд Скопје 1.

После секој дел ќе следува интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од страна на учесниците и кафе пауза.

Организаторите ги објавија и условите за учество на целодневната конференција. Котизацијата за конференцијата во својство на учесник изнесува 3.650,00 денари со вклучен данок и работен материјал, ж-ска број 24008018071605 при Уни банка на име Јанаки Знае ДОО со задолжителна цел на дознака ЗА ПРВА ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА „TRES PARTES“. За активни студенти и постдипломци(со приложен индекс) котизацијата изнесува 2.350,00 денари со вклучен данок. Откако ќе биде регистрирана уплатата ќе добиете комфирмативен маил за Вашата регистрација. Во цената е вклучен и работен материјал. За повеќе детали, наведени се следниве контакти 075/ 243-299; 078/249-433

извор: ЈанакиЗнае

Back To Top