skip to Main Content

Отворена предистрага за „Рекет 2“

Отворена предистрага за „Рекет 2“
  • 13.10.2019

Јавното обвинителство отворило предистражна постапка за случајот Дијамед. Ова следува откако поранешната сопственичка на таа фирма Вера Иванова, поднесе кривична пријава против директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче.

Според пријавата, Дончев и Филипче ја оневозможувале продажбата на „Диамед“ на шведската „Диаверум“ со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата. Дончев веќе изјави дека „Диаверум“ била двапати писмено предупредена од Фондот за сомнежи за злоупотреба со „Диамед“, кои ако се докажеле можеле да доведат до одземање на концесијата за управување со центрите за дијализа.

За потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече оти јавно ќе ја пласираат документацијата што ја имаат во врска со случајот, доколку Обвинителството постапува нетранспарентно.

Back To Top