skip to Main Content

Основен суд Скопје 2 со демант за наводите во реакцијата на ММА

Основен суд Скопје 2 со демант за наводите во реакцијата на ММА
  • 18.04.2019

Основниот суд Скопје 2 Скопје испрати демант во врска со наводите во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА), објавена во дел од медиумите.

Во него се вели:

Во конкретниот случај, станува збор за времена мерка со кое Решение за времена мерка се наложува објавување на ценовник на веб страната на Државна изборна комисија. Имено, во оваа постапка не се одлучува за парично побарување, ниту се работи за постапка по тужба, а предлагачот за оправдување на времената мерка во постапка по тужба дополнително ќе го докажува износот. Судот во таа постапка ќе утврдува дали предлагачот има право на надомест на штета и колкав евентуално би бил износот на штетата. Во конкретниот случај, се работи само за предлог за издавање времена мерка, во која постапка овој суд донел решение кое се уште не е конечно и правосилно. Во моментот, предметот се наоѓа во жалбена постапка, па до одлучување пред Апелациониот суд Скопје недозволиво е да се напаѓа првостепениот суд и да се изнесуваат констатации и забелешки како во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација (ММА). Во оваа смисла, потенцираме дека судот со Решението за времена мерка не досудува оштета, ниту пак од содржината на истото не произлегува дека е досудена штета на 1ТВ. Дали 1ТВ може да добие 100.000 евра или не, тоа може да биде предмет на друга постапка, а не во постапка водена пред овој суд за времена мерка.

Во овој контекст, укажуваме дека не е легислативна и јурисдикциона практика судиите да се повикуваат за нивните одлуки, како и да се бранат од критиките изнесени во јавноста. Судиите правораздаваат со одлука, применувајќи ја содржината на позитивната законска регулатива и придржувајќи се кон начелото на правдата и правната сигурност. Поради овие причини, неприфатливо е да не се бираат средства во одбраната на лични ставови и перцепции за законитоста на судските одлуки. Уставот и законот го гарантираат правото на жалба и оттука, секоја првостепена одлука може да се преиспита од страна на суд во повисока инстанца, а со тоа и нејзината законитост, се наведува во демантот од Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Back To Top