skip to Main Content

Османи: Со испорачани резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година (Видео)

Османи: Со испорачани резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година (Видео)
  • 22.04.2018

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“ оценува дека Македонија доби исклучително позитивен извештај од Европската комисија со чиста и безусловна препорака.

Како три клучни позиции што ја отсликуваат суштината на Извештајот, вицепремиерот Османи ги посочува политичките критериуми, подготвеноста за членство според економските критериуми и имплементацијата на т.н. АКИ.

– Прво, политичките критериуми. Македонија во споредба со останатите земји од Западниот Балкан оствари најголем напредок, што директно ја рефлектира успешната имплементација на Планот 3-6-9, особено квалитетот на имплементацијата на реформите во една транспарентна и инклузивна постапка. Второ, стабилизирањето на политичката криза покажува добри резултати и во останатите области. На пример, во споредба со регионот, Македонија има добиено највисока оценка и за подготвеноста за членство според економските критериуми. Тоа значи дека нашата индустрија, нашите услуги, нашите производи се приближуваат до стандардите со кои ќе станат конкурентни на европскиот пазар, вели Османи.

Според него, многу важен податок кој Европската комисија го потврдила во Извештајот е и фактот што Македонија во имплеметацијата на т.н. АКИ (aquis) или од аспект на усогласеноста на законодавството и институциите со оние на Европската Унија, е рамо до рамо со Србија и Црна Гора, кои веќе подолго време се во фаза на преговори.

Овој податок, вели Османи, покажува дека доколку добиеме шанса за преговори и притоа испорачаме резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година.

Back To Top