skip to Main Content

Османи: Не сум размислувал за оставка

Османи: Не сум размислувал за оставка
  • 01.11.2019

Не сум размислувал за оставка, бидејќи мојата улога беше да добиеме чиста препорака и добар извештај од Европската комисија, кажа вицепремиерот за евроинтеграции – Бујар Османи во гостувањето во „10 минути“ на „ТВ21“.

„Улогата на Секретаријатот за европски прашања е да ги координира реформите со цел Европската комисија да даде позитивна и чиста препорака, согласно која потоа земјите-членки би одлучувале доколку имавме негативен одговор или нечиста препорака“, одговори Османи, додавајќи дека разочарувачкиот исход од Брисел е резултат на неможност на ЕУ да постигне консензус, а не на неисполнување на очекувањата и незавршување на задачите од негова и од страна на Секретаријатот за европски прашања.

Back To Top