skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Османи: И членките и кандидатите за ЕУ имаат обврска да создадат побезбедна Европа

Османи: И членките и кандидатите за ЕУ имаат обврска да создадат побезбедна Европа
  • 05.04.2019

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е во работна посета на Португалија оствари средба со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на португалскиот Парламентот Регина Бастос.

На средбата, како што соопшти прес-службата на Секретаријатот за европски прашања, беа отворени темите за поддршката од страна на Португалија за европските интеграции на Република Северна Македонија, за билатералната соработка меѓу Парламентите на двете земји, како и темите поврзани со европските предизвици, како што се: Брегзит, влијанието на лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, итн.

– Сведоци сме на веројатно најтурбулентниот период за европскиот континент од втората светска војна па наваму. Европските избори се одвиваат обремените со предизвиците кои ги наметнува процесот Брегзит, притоа, континентот е сѐ уште под влијанијата на напливот на популизмот, радикализмот и екстремизмот, а сѐ уште се актуелни и современите хибридните закани, истакна Османи.

Соговорниците заеднички нагласија дека и земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ имаат заедничка обврска во создавањето на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа, при што Османи потенцираше дека Република Северна Македонија претставува стабилен партнер на ЕУ на Балканот, стои во соопштението на СЕП.

Вицепремиерот Османи накусо ја информираше својата соговорничка и за имплементираните реформи, за постигнатите резултати, начинот на кој институциите се адаптираат на реформите, претстојните избори, како и за останатите процеси во однос на европската интеграција на нашата земја.

Во текот на средбата двајцата соговорници заеднички се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји треба да се прошири и помеѓу двата парламента, а во насока на полесно споделување на искуството на колегите од Португалија, при што изразија заедничко задоволство од формирањето на групата за соработка со Португалија во нашиот парламент.

– Националните Парламенти играат многу важна улога во хармонизацијата на законодавствата и нивното усогласување со европското законодавство Аки. Во оваа насока очекувам засилена активности во претстојниот период, во насока на меѓусебна соработка меѓу двата законодавни дома, преку веќе формираната група за соработка со Португалија, како и преку искористување на португалското искуство во овој процес,  додаде Османи. Во овој контекст заеднички беше констатирано дека улогата на националните парламенти и Европскиот парламент е од клучно значење за процесот на проширување и за новите политички реформи на ЕУ.

Во рамките на повеќедневната работна посета на Португалија Османи ќе оствари средба и со шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантос Силва, а в недела ќе учествува на Годишниот Хорасис глобален состанок (Horasis Global Meeting), што е еден од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата“.

Back To Top