skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Османи: За СЈО да се разговара паралелно и со опозицијата и со пратениците

Османи: За СЈО да се разговара паралелно и со опозицијата и со пратениците
  • 25.03.2019

За законот за Специјалното јавно обвинителство треба да работиме паралелно во два правца, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на законот за СЈО, по состанокот во Владата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на законот.

– Паралелно треба да работиме на двата правца – и да се обидеме максимално да постигнеме консензус, бидејќи сепак се работи за област што бара консензус во едно општество, рече Османи.

Испрати порака порака до сите политички партии да не се откажат од барањето консензус до последен момент, но паралелно, како што посочи, треба да видиме и други начини за комуникација директно со тие што ја носат одлуката, а тоа се пратениците.

Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top