skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Османи: Во Секретаријатот за европски прашања е концетрирана најсилната експертиза за успешен стар на преговорите во 2019

Османи: Во Секретаријатот за европски прашања е концетрирана најсилната експертиза за успешен стар на преговорите во 2019
  • 20.12.2018

Во претстојната 2019 година Секретаријатот за европски прашања ќе преземе уште поголем товар во предводење на општествените процеси во земјава, имајќи ги во предвид преговорите со ЕУ, што се очекува да добијат финализација на јунските самити.

Ова денеска го порача вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на СЕП, што почна во Струга,

На конференцијата под работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, во следните три дена ќе ги сумираат резултатите од процесот на европски интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите, но и предизвиците што ја очекуваат земјава во наредната 2019 година.

-Без лажна скромност, улогата на СЕП изминатава 2018 година беше исклучително успешна, на што сум особено горд, а што е потврдено и од бројните соработници, меѓународни пријатели, но како поврда се покажува и во сите истражувања на јавното мнение“ истакна Османи.

Изрази верување во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес, како и дека следната година ќе ја оправдаат довербата, што им е укажана од државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно од јавноста.

Најави зголемување на капацитетите и на СЕП, како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура што ја предводи како главен преговарач.

На стартот на конференцијата воведно обраќање имаше и заменикот на Османи во преговарачкиот тим и главен технички преговарач Бојан Маричиќ, кој ја претстави преговарачката структура, поставеноста на работните групи, а зборуваше и за очекувањата од СЕП, на експертско и техничко ниво, како главен костур на самата преговарачка структура.

На конференцијата се обратија и државната секретарка во СЕП, Калинка Габер и државниот советник за европски политики и координација Драган Тилев кои зборуваа за очекувањата од СЕП, за капацитетите со кои располага институцијата и начините за нивно унапредување.

Годишната конференција на СЕП се одржува традиционално кон крајот на годината. На неа Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции.

Back To Top