skip to Main Content

Османи: Албанско знаме може да се постави каде било

Османи: Албанско знаме може да се постави каде било
  • 02.05.2019

Вицепремиерот Бујар Османи го оправдa чекорот на играорците од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, за што беа парично казнати. Според Османи, албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон.

-Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате проблеми – рече Османи во емисијата Клик Плус.

Во понеделникот четири членови на фолклорната група Арбераши од Косово поставија големо албанско знаме, со димензии 6 на 8 метри, на тврдината во Охрид.
Еден од нив, Ѓерѓ Пренкоцај, доби и плати казна од 1.100 евра и доби 5 години забрана за влез во Македонија.

Back To Top