Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување велосипеди

Локалната самоуправа на Општина Карпош ќе субвенционира купување на велосипеди за жителите, истакнува градоначалникот Стефан Богоев.
На седницата на Советот на Општина Карпош, советниците ја изласаа предлог-одлуката за давање на согласност за распишување на Јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување на нови велосипеди.
Имено, локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари финансиска помош за купување на нови велосипеди по принципот „прв пријавен, прв услужен“.
Како што истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, до сега има голем интерес за оваа субвенционирана помош, и нагласи дека по исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Општината, со негов ребаланс, ќе се обезбедат нови финансии за продолжување на оваа практика и во иднина.
На овој начин ќе се поттикне користењето на велосипед од страна на карпошани, а со тоа и ќе се придонесе за заштита на животната средина, односно нејзино помало загадување.
Оваа Одлука ќе важи од 26 април годинава.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.