skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Оливер Спасовски во „Лица“: Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани по мојот живот

(Видео) Оливер Спасовски во „Лица“: Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани по мојот живот
  • 24.12.2018

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше гостин во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки каде ја раскажа својата лична приказна, кариерата, своите порази и победи…

Разговорот започна со актуелниот предлог за интерпелација, за кој министерот Спасовски смета дека не е аргументиран, односно дека се работи за паушални кажувања.

„За мене нормална демократска постапка која може да биде покрената е интерпелацијата, јас ја доживувам како можност да поразговараме со пратениците. Имаме право на одговор, кој ќе го доставиме до пратениците на Собранието Јас сум присутен речиси на сите пратенички прашања со целосен респект кон Собранието. Факт е дека малку прашања ми поставиле. Сепак ова е една од алатките во демократијата и јас сум подготвен да одговорам на сите прашања. Тоа што денес го слушнав беа паушални кажувања, да се каже нешто како причина за поднесување на интерпелацијата“, рече Спасовски.

„Станав член на СДСМ на 18 години и како семејство сме лево ориентирани, идеолошки поврзани со социјалдемократијата и тоа беше најголем мотив да влезам во политиката. Потекнувам од Куманово и таму долги години опстојува социјалдемократијата. Од таму потекнуваат многу идеи, перспективи, поддршки. Јас сум горд на сите овие години поминати во СДСМ“, објасни министерот за внатрешни работи за своите почетоци во партијата.

Со богата кариера зад себе, министерот Спасовски одговори за тоа дали имал амбиција да биде министер за внатрешни работи.

„Не постоела таа амбиција. Никогаш до сега не сум правел сметка што ќе бидам наредниот период, туку тоа што сум во одреден момент. Работев во општината со сиот мој капацитет и елан. И политичките и работни кариери се постигнуваат само со работа. Ако доаѓате наменски тоа трае кратко, посебно во политиката, работењето и создавањето на врските и другарството, тоа е најголемото богатство“, кажа Спасовски.

По бегството на Груевски, постојано се поставува прашањето која институција потфрли во неговиот случај, а за ова министерот Спасовски истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР.

„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојани добиваат закани по животот.

„Секојдневно добивам закани по живот, но и закани за моето семејство и моите соработници. Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“.

За почетоците на кариерата, обврските, поддршката од семејството, периодот на „бомбите“, довербата на членството, борбата со режимот, департизацијата и вработувањата во МВР, како и тоа дали има амбиција да биде следниот претседател на Република Македонија, погледнете во видеото подолу.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top