skip to Main Content

Од каменот на Мисовски се уплашија пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ

Од каменот на Мисовски се уплашија пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ
  • 22.02.2019

Одземањето на мунитетот на екс спикеротТрајко Вељановски жестоко ги скара власта и опозицијата на комисијата за мандатно имунитетните прашања… ВМРО-ДПМНЕ  тврди дека одземањето на имунитетот е без докази. За пратениците од мнозинството  ова е барање на судот по кое мора да постапат.

„Со овој камен сакаа да не убијат. Од тогаш го чувам во мојата канцеларија. Го донесов за да го види јавноста“ – рече Мисовски.

Ни на крај памет  не ми падна дека таков настан би се случил во Собранието, рече Вељановски.

Мисовски посочи дека Никола Груевски ги пуштил низ вода и дека со инцидентитет од 27 април некој сакал да ги убие.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да гласаат за одземање на имунитетот на Вељановски. Во расправата често беа споменувани и синоќешниот настан околу екс функционерит Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

Пленарната седница за имуниетот на Вељановски најверотано, ќе се одржи во недела .

Back To Top