skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Од говор на омраза до насилство од омраза – тема во Студио 1

Од говор на омраза до насилство од омраза – тема во Студио 1
  • 14.09.2018

Говорот на омраза од секојдневието се преточува на социјалните мрежи, можеби со помали ограничувања поради анонимноста, но генерално станува збор за нешто што го носиме во себе или не. Иако станува збор за помала популација, медиумите, државата и сите чинители треба да се погрижат да го минимизираат, сметаат познавачите.

-Многу повеќе едуцирани или еминентно позиционирани луѓе користат говор на омраза повеќе отколку сите останати, затоа што тоа е избор. Никој не се раѓа со говор на омраза, мора да се работи на менување на свеста, тоа е од витално значење, затоа што санкции постојат и дискриминацијата може да се гони, вели специјалистот за односи со јавноста и нови медиуми Бојан Кордалов.

Како што вели, пред да санкционира, општеството треба да поработи на интеграција, но ние веќе подолг период не градиме инклузивно општество. Д-р Ненад Живановски, пак, вели дека не треба да заборавиме дека говорот на омраза се вгради во нашето општество изминатите девет години и ескалираше во насилство од омраза.

-Сега повеќе живееме во некаков автершок период, како кога ќе се случи земјотрес, па потоа има неколку помали потреси додека се стабилизира тлото. Мојот оптимизам дека говорот на омраза, иако не може да исчезне, ќе се намалува, го темелам во тоа што зад неговите промотери не стои политичка групација којашто може да го инспирира и да го ефектира во насилство, вели тој.

Живановски смета дека нишката идеолог-инспиратор-организатор-мотиватор-извршител што функционирала во претходната влада е прекината и со судските процеси треба да им се даде до знаење на граѓаните дека не се исплати повторно да се направи таква низа на говор на омраза.

Разговорот погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top