skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Одморен или затворен – Како Груевски ќе ја дочека есента?

Одморен или затворен – Како Груевски ќе ја дочека есента?
  • 24.05.2018

Две години затвор е исходот од првата пресуда против поранешниот премиер Никола Груевски. Тој не дојде да ја слушне пресудата во скопска единица, а специјалните обвинители не побараа мерка притвор. Неговите адвокати најавија жалба до Апелација чија одлука може да ја потврди пресудата на кривичен или пак да го врати случајот на повторно судење. Поради експресноста на судењето, роковите за оваа постапка траат 60 дена. Доколку Апелација ја потврди пресудата, за два месеци Груевски ќе треба да почне да ја извршува затворската казна бидејќи неговиот пратенички имунитет не важи во случај кога има правосилна пресудa за кривично дело. Во ваков случај, Груевски ќе има можност да се жали до повисоката инстанца – Врховен суд, но тоа ќе мора да го прави од затвор. Поранешниот премиер е обвинет во уште 4 други случаи на СЈО.

Највисоката казна на Груевски му е предвидена во случајот „Титаник“ каде се товари за три кривични дела. За злосторничко здружување на Груевски како првообвинет му се заканува затворска казна до 5 години; за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања е пропишана затворска казна исто така од најмалку 5 години, а за повреда на избирачкото право, затворска казна од најмалку три години. Најверојатно за овие дела судот ќе донесе единстваена пресуда. Во случајот „ТНТ“ односно за урувањето Космос на бизнисменот Фијат Цановски, Груевски се терети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за што е предвидена затворска казна од најмалку 3 години. Во „Траекторија“ Груевски е обвинет исто како во Тенк, за примање награда за противзаконито влијание. За провизиите од автопатиштата на поранешниот премиер му се закануваат максимални 3 години затвор. Во „Насилство“ за шамарите во Центар, максималната казна затвор е исто така 3 години.

Според правните експерти кои ги консултиравме, доколку поранешниот премиер биде осуден на затворска казна во сите или поголемиот дел од случаите, ќе мора да му се изрече единствена пресуда, бидејќи збирот на годините затвор не може да биде поголем од максималната казна за најтешкото кривично дело. Против Груевски СЈО ја отвори и истрагата „Талир“. Во неа, поранешниот премиер се товари за перење пари преку незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за пропаднатиот попис, а се истражува и евентуалниот криминал со електрична енергија.


Кристина Атовска

Back To Top