skip to Main Content

Одложувањето за три месеци да не обесхрабрува, преговорите да ги отпочнат и Северна Македонија и Албанија

Одложувањето за три месеци да не обесхрабрува, преговорите да ги отпочнат и Северна Македонија и Албанија
  • 17.06.2019

Со оглед на тоа колку ние сме чекале, задоцнување на нашата европерспектива од два до три месеци не би требало да не обесхарбри бидејќи ќе ја следат и многу тешки одлуки во текот на преговорите. Така што ако ја поминеме оваа прва пречка не значи дека сме стигнале до крајот, вели Симонида Кацарска од Институтот за европски политики (ЕПИ) од Скопје.

-Според последните случување, очекуваме датумот за преговори да го добиеме во октомври, со надеж дека првата меѓувладина конференција би се случила можеби до крајот на годината или почетокот на следната година, додава Кацарска во изјава на новинарско прашање пред одржувањето на панел дискусијата насловена „Европската интеграција по изборите за Европскиот Парламент“ организирана од ЕПИ.

За Владимир Меѓак од Европско движење Србија евентуалното неиспорачување датум за преговори за нашата земја оваа година во услови кога во ЕУ некои земји како Франција и Холандија се уште имаат дилеми во однос на таа одлука, не би било добро.

-Ние како Европско движење Србија се залагаме за тоа да се отворат преговори со што повеќе земји од Западниот Балкан што поскоро бидејќи тоа е најдобриот начин што поскоро регионот да се врзе за ЕУ и да се помогне на рефомските сили. Затоа што имате реформски сили што сакаат промена и постигнување на тоа што се викаат стандарди на ЕУ, и ги имате другите кои знаат дека ако се влезе во ЕУ и се достигнат стандардите ќе изгубат. Поентата е што помага ЕУ. Со одлагање на датумот и држење на Западниот Балкан на долг стап пред влегувањето се помагаат овие другите. Отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, што ние го поддржуваме, ќе се помогне на реформските сили да се покренат работите. Тогаш е можно за многу кус временски период да се направат многу работи, вели Меѓак и потсетува дека во случајот и на Србија, но и на нашата земја се видело дека работите застанале кога во 2010-2011 европерспективата немаше изгледи во догледно време.

И Кацарска и Меѓак се согласуваат дека преговорите треба да се отворат и со Северна Македонија и со Албанија, кои и двете добија препораки од ЕК за старт на преговорите.

-Ние се залагаме да се отворат преговори и со двете држави, меѓутоа исто така сме и против тоа едната држава да се остави, ако другата држава не ги исполнила сите критериуми. Напредокот според сопствените заслуги е нешто што стои во сите документи на ЕУ и Србија тоа го поддржувала… Во овој случај се залагаме и Албанија и Македонија да ги отворат преговорите што поскоро бидејќи тоа е најдобро за регионот, вели претставникот од Европското движење Србија коментирајќи ги најавите за можно раздвојување на овој тн „пакет“.

Кацарска пак, појаснува дека пакетот е концепт што постои поради тоа што двете земји се разгледуваат во исто време, односно ЕК препорача почеток на преговори со двете земји, но со делумно различни заклучоци.

-Пакетот, како таков ниту постои во ЕУ ниту кај земјите членки, бидејќи одлуките што треба да следат во парламентите на земјите-членки или одлуките што треба да ги донесат преседателите или министерствата за надворешни работи секогаш се одвоени. Посебно се разгледува нашата земја, посебно Албанија. Нам, секако како регион ни е многу значајно сите да одат напред бидејќи ние сме многу мал регион и Европа не гледа како група, сакале ние или не. Но, сепак ние сме во фаза во која делумно заклучоците за Албанија и Македонија се разлчични и ние мора да се бориме во наредните три месеци за нашаето портфолио, секако,нагласувајќи сека за регионот ќе биде добро да одат сите напред, оценува Кацарска.

Меѓак, чија земја е во поодмината фаза на пристапните преговори со ЕУ, вели за нашата земја една од основните работи во очекување на датумот е јакнење на администартивниот капацитет за преговори, односно ангажирање луѓе кои навистина знаат и ставање на фокусот на најтешките поглавја на кои Унијата посветува најголемо внимание, а тоа се поглавјата 23 и 24 поврзани со владеење на правото.

-Како што стојат работатите сега тоа е нешто што ќе влијае на брзината и на волјата на ЕУ за понатамошно проширување, бидејќи тие гледаат во тоа најголем проблем. Стратегијата на ЕК за кредибилно проширување од 2018 година владеењето на правото го споменува 24 пати во самиот документ. Од самото тоа може да се види на што тие ќе го ставот фокусот, што не беше случај со источноевропското проширување. Тогаш економијата и усогласувањето на законодавството и некој дел кој нема толкава политичка тежина беше најзначаниот, но времињата се сменија, кандидатите се променија и ЕУ се промени, со што се промени и фокусот, појаснува Меѓак.

Back To Top