skip to Main Content

Одговорноста за бегството на Груевски е кај полицијата, азилот не е неотповиклив – анализа во „Правда и неправда“

Одговорноста за бегството на Груевски е кај полицијата, азилот не е неотповиклив – анализа во „Правда и неправда“
  • 20.11.2018

Во однос на поранешниот премиер Никола Груевски и случајот „Тенк“ поради којшто побегна, судот ја заврши целата работа како што треба, смета консултантот Андреј Божиновски.

-Според мене, одговорноста лежи во пропустот на органите на прогонот. Полицијата требаше да има сознанија за едно од најпознатите лица во Р. Македонија. Во однос на притворот имаме и друг проблем. Институциите си ја префрлаа вината, дека требаше да се определи притвор. Ставете се во улога на судија, каде ги води тоа судиите? Тие се сега пред друга опасност, тој невидлив притисок да изрекуваат притвор за секој можен предмет, вели тој.

За брзината со која Груевски го доби политичкиот азил, Божиновски коментира дека наводите за лошата состојба во судството и затворите се погрешни, затоа што сите услови за одлична одбрана беа соодветно испочитувани.

-Тој имаше повеќе адвокати, сите дејствија по ЗКП беа овозможени, адвокатите имаа увид во списите, имаше еднаквост на оружјата. Немаше причина да се жали. Но првпат слушам одлука за азил да биде добиена врз основа на затворските услови. Исто така, добивањето азил во овој случај е многу интересно – прво тој бара азил во земја каде што има наплив со мигранти, барањето на азил не е вечно и може да се отповика ако има основи. Тука прашањето е колку има демократски капацитет и волја за тоа. Една од основите е да се дадат уверувања од земјата која бара екстрадиција на лицето за фер и правично судење. Тие услови во Македонија постојат иако судот е под реформа, вели Божиновски.

Back To Top