skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Ова е втора повреда на мојот брат, баравме да се стави врата пред скалите“ – тврди сестрата на корисникот кој доживеа несреќа во Заводот во Демир Капија

„Ова е втора повреда на мојот брат, баравме да се стави врата пред скалите“ – тврди сестрата на корисникот кој доживеа несреќа во Заводот во Демир Капија
  • 27.10.2018

По вчерашниот прилог на 1ТВ за инцидентот во Заводот во Демир Капија, денеска во нашата редакција се јави сестрата на лицето кое доживеало несреќа. Милена живее во Англија, а во земјава доаѓа повремено. Во моментов, за нејзиниот брат се грижат родителите. Вели дека ова не е прв пат да се случи несреќа и дека после првиот пад, побарале од директорката да се постави врата пред скалите бидејќи лицето е со оштетен вид.

„Ова се случува втор пат, на истото дете, исто паѓање, на истото место. Првиот пат се случи пред три месеци“, рече Милена, сестра на лице згрижено во Заводот во Демир Капија.

Директорката во нашата камера изјави дека дека корисникот на социјална услуга паднал сам следејќи ја музиката, но и дека за случајот е известена дисциплинската комисија.

„Веднаш по немилиот настан, откако му е пружена медицинска помош, на прашањето како се случило да падне, корисникот на социјалната услуга рече дека паднал следејќи ја музиката. Во текот на целиот процес, беа во комуникација докторот, семејството и нашиот социјален работник“ – рече директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска.

Сестрата на корисникот на социјалната услуга вели дека е свесна за недостатокот на негуватели, но вели и дека тоа не е оправдување на системот за несреќите и за инцидентите кои постојано се повторуваат. Семејството било известено дека во тек се подготовки за преместување на корисниците во мали домови и очекуваат нивниот син што поскоро да биде преместен. Заводот во Демир Капија е една од најозлогласените институции во земјава за која долги години се зборува дека условите под човековото достоинство.

Кристина Атовска

Back To Top