skip to Main Content

Објавена „Комуникациска стратегија на Владата за 2019-2020 година“

Објавена „Комуникациска стратегија на Владата за 2019-2020 година“
  • 28.06.2019

Владата на Република Северна Македонија денеска го објави документот „Комуникациска стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 – 2020 година“, кој ги дефинира стандардите за отворена комуникација меѓу Владата и јавноста.

Целта на оваа стратегија, како што информираат од владината прес-служба, е да обезбеди видлив и достапен систем за односи со јавност, како целосно нов концепт за активна транспарентност и отчетност на владините институции кон граѓаните.

– Стратегијата обезбедува нова комуникациска култура за критичка и слободна јавна дискусија во иницирањето, креирањето и спроведувањето на амбициозната програма за политички и демократски реформи и за враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот, соопштуваат од владината прес-служба.

Оттаму информираат дека со овој документ се дефинирани правци за професионален развој на владините комуникатори, стандарди за кампањи од јавен интерес, а за прв пат е усвоен и етички кодекс за владини комуиникатори. Според овие стандарди, владините комуникации, и практично и официјално, се подредуваат според правилата на етичкото, одговорно и професионално комуницирање.

Во изработката на стратегијата со свои визии, водство и придонес, учествувале и претседателот на Владата, Зоран Заев, министрите и владините комуникатори, а во целост биле земени предвид гласот и ставовите на јавноста и на медиумите, како и демократските вредности, како што се отчетноста, услужноста и слободата на изразувањето.

– Комуникациската стратегија ги утврдува и ги става на увид на јавноста организациската поставеност на ПР секторот, целите и функциите на еден професионален систем со план за комуникации за петте стратешки столба на владините политики како што се: „Ние сме НАТО“, „Одиме во ЕУ“; „Силна економија – шанса за сите“; „Држава за граѓаните – вложуваме во луѓето, се грижиме“; „Едно општество, праведно и еднакво за сите“; и „Отворена влада во служба на граѓаните“, наведуваат од владината прес-служба.

Оттаму посочуваат дека стратегијата за комуникација со јавноста за 2019-2020 е резултат на речиси двегодишен ангажман и соработка на владините службеници за односи со јавност кои, согласно определбата на Владата да биде отворена, се вложиле во создавањето систем за демократски и сервисен систем за владини комуникации, остварен во соработка со Владата на Обединетото Кралство, на УСАИД и на Институтот за комуникациски студии.

Back To Top