skip to Main Content

Обид за смена на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Обид за смена на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи
  • 23.04.2019

Основниот суд Скопје 2 ја отфрли жалбата на реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи и го прифати барањето нов реис да биде Скендер Бузаку. По одлуката, пред ИВЗ е зголемено присуството на полициски сили и не се знае дали ескалирал спорот меѓу двете страни.

И приврзаниците на Реџепи и прврзаниците на Бузаку се во просториите на ИВЗ, а пристапот на новинарските екипи не е дозволен. Се чека да даде изјава Реџепи, откако пред новинарите се обрати Бузаку.

-Од утре даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение, изјави Скендер Бузаку.

Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од својата фамилија во заедницата и дека поради тоа не очекува мирно предавање на функцијата. Тој ја известил и финансиската полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.

Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.

И претходно имало обиди за смена на  Сулејман Реџепи, но завршиле  неуспешно. Реџепи беше цел и на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.

 

Back To Top