skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Обид за насилство врз Сергеј Варошлија – четири лица упаднаа во 1ТВ

Обид за насилство врз Сергеј Варошлија – четири лица упаднаа во 1ТВ
  • 27.09.2018

Насилен упад се случи вечерва во просториите на нашата телевизија. Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија.

Првично се претставија како негови роднини, но нашите вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително беше и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега.

Очигледни беа нивните насилни намери, поради што нашите вработените побараа помош, а лицата кои упаднаа избегаа од телевизијата. 1ТВ изутрина ќе го пријави случајот во полиција, бидејќи сметаме дека станува збор за планиран напад, кој можел да има сериозни последици. Се надеваме дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.

Нашиот тим најостро ги осудува ваквите обиди, како и повиците за линч или насилство врз водителот Сергеј Варошлија, поради коментарите во неговото шоу „Студио Мода“. Поради ова уште еднаш го повторуваме и ставот кој Варошлија го има кажано во неколку наврати: не ги сфаќајте овие коментари како личен напад, туку само како добронамерен совет и експертска анализа.

Минатата недела и експерти за медиуми во нашето студио образложија зошто говорот на Сергеј не е говор на омраза.

 

Back To Top