skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Обвинителството од Монако ги замрзна парите од продажбата на концесијата на центрите за дијализа

Обвинителството од Монако ги замрзна парите од продажбата на концесијата на центрите за дијализа
  • 21.12.2018

Обвинителството на Кнежевството Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.

На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Монако, ќе му биде испратена целокупната документација поврзана со предметот што се истражува во Македонија.

Истовремено, од Обвинителството од Монако потврдиле дека Судот во прва инстанца привремено ја замрзнал на банкарска сметка.

Во постапката за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Македонија беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а парите од продажбата, 8.281.000 евра, беа префрлени на сметка во Монако. 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Македонија.

Back To Top