Ново рочиште за „Траекторија“

Со презентирање на СМС пораки и други доказни материјали што ги предложи СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.
На претходното рочиште беа прочитани неколку стотини СМС пораки меѓу пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерствот Елена Кузмановска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.