skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ново рочиште за „Поткуп“ – исказ пред судот треба да даде Заев

Ново рочиште за „Поткуп“ – исказ пред судот треба да даде Заев
  • 07.05.2018

Денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ во кое исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната.

На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп.

Заев по завршувањето на минатото рочиште кажа дека ја почитува одлуката на Судот да биде исклучена јавноста при презентирањето на видео снимка, посочувајќи дека тоа би претставувало кршење на Законот за класифицирани информации.

Тој додаде дека му е драго што со овие комплетни докази и сведочењата пред Судот ќе се докаже дека апсолутно станува збор за монтиран случај и оти ќе следува ослободителна пресуда.

На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.

Back To Top