skip to Main Content

Нова „бомба“ на Ел Чека: Шекеринска со Бесими за гласањето во ДИК за локалните во 2013

Нова „бомба“ на Ел Чека: Шекеринска со Бесими за гласањето во ДИК за локалните во 2013
  • 13.10.2019

Ел Чека синоќа објави нова снимка на Фејсбук од нелегалното прислушкување. На снимката се слуша како Радмила Шеќеринска, тогашна заменик претседателка на СДСМ, во 2013 зборува со Фатмир Бесими, функционер на ДУИ и тогашен вицепремиер за евроинтеграции.

Во разговорот Шекеринска зборува за гласањето во ДИК за прегласувањата за локалните избори во 2013 година за општините Центар и Куманово.

Таа вели дека гласот на Субхи Јакупи, член на ДУИ во ДИК е одлучувачки и дека ќе биде многу важно како ќе гласа, појаснувајќи дека не треба услуга да се прави, туку принципиелно да се гласа и го замолува велејќи му дека во прашање е извештајот на Европската Унија за Македонија.

Back To Top