skip to Main Content

Новатв.мк: ТВ Алфа не ги почитува законските обврски за финансиско работење

Новатв.мк: ТВ Алфа не ги почитува законските обврски за финансиско работење
  • 16.09.2019

Препорака на ЕУ чија цел е да се детектираат скриените политички влијанија врз медиумите се уште не се почитува.

Алфа ТВ шест месеци по истекот на законски утврдениот рок се уште нема поднесено Завршна сметка за даночен биланс за 2018 година. Рокот за поднесување на оваа документација е истечен на крајот од февруари, пренесе новатв.мк.

„За Трговското друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје не поседуваме финансиски податоци за 2018 година
бидејќи истиот за бараната 2018 година нема поднесено годишна сметка во Регистарот за годишни
сметки”, се вели во изводот од Централниот регистар.

Back To Top