Нобеловецот Ферид Мурад: Светот веќе зборува позитивно за Македонија

Добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина, Ферид Мурад со потекло од Гостивар, престојува во посета на Македонија.
Тој утринава имаше средба со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.
Како што информира владината прес-служба, на средбата се разговарало за визиите на Владата за мултиетничко општество односно „Едно општество за сите“, за реформските процеси, обновените добрососедски односи со соседните држави, како и за евро – атлантските аспирации на Македонија.
Нобеловецот Мурад, во текот на средбата, на премиерот Заев му предочил конструктивни предлози за подобрување на образовниот и здравствениот систем, како и отворањето на научно – истражувачки центри, споделувајќи лични искуства од САД и од повеќе земји во светот, каде што тој работел, се усовршувал и кадешто веќе долги години е професор на повеќе универзитети.
Ферид Мурад е светски признат лекар и фармацевт, добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина во 1998 година. Води потекло од гостиварското село Лакавица, токму заради оваа врска и гостиварската болница го носи неговото име. Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.