skip to Main Content

Нинџа: На Алберт Муслиу му монтиравме камери дома

Нинџа: На Алберт Муслиу му монтиравме камери дома
  • 06.12.2018

Александар Василевски Нинџа како обвинет сведок на денешното рочиште за 27 април откри дека тој и УБК му монтирале камери на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во неговиот дом со цел да го следат неговото движење додека траело објавувањето на „бомбите“.

-Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу, ѝ одговори Нинџа на судијката Вилма Русковска.

Муслиу важи за коментатор и аналитичар на политичките процеси во Македонија и е чест гостин во телевизиските емисии и дебати.

Back To Top